Македонија

Претседател на Македонија во вторник официјално ќе ја отвори амбасадата во Бразил

Претседател на Република Македонија Д-р Ѓорге Иванов од 11 до 15 декември ќе престојува во официјална посета на Бразил, во рамките на која во вторник во Бразилија официјално ќе ја отвори амбасадата на Република Македонија. Покрај свеченото отворање на првото македонско дипломатско претставништво во Јужна Америка, Иванов истиот ден ќе биде примен и од својот бразилски колега Мичел Темер. Шефот ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија освари средба со Принцот на Монако

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во рамките на 10. меѓународен форум „Мир и спорт“ во Монако оствари средба со Неговото Височество Принцот Алберт Втори, кој е покровител на Форумот. Претседателот Иванов упати честитки до Принцот Алберт Втори за 10. годишниот јубилеј на форумот и признание за неговиот ангажман и заложби за афирмирање на спортската култура во европски и ...

Read More »

Архиерејска Литургија во чест на патронот на Македонската православна црква Св. Климент Охридски

На денот кога Македонската православна црква си спомнува за својот молитвен заштитник пред Бога – Св. Климент Охридски, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на митрополитите Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски г. Петар, Повардарски г. Агатангел, Брегалнички г. Иларион, Тетовско – гостиварски г. Јосиф и епископот Хераклејски г. Климент отслужи Архиерејска Литургија во Соборниот храм ...

Read More »

Честитка од претседателот Иванов по повод државниот празник 8 Декември – Свети Климент Охридски

  Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод празникот Св. Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Ваше Блаженство, Дозволете ми, од свое име и од името на граѓаните на Република Македонија, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска ...

Read More »

Супер радио носител на Повелбата – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ : 25 години раст заедно со својот град

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија од пристигнатите пет апликации одлучи проф. д-р Ангела Крстаноска – Василевска и Супер радио, да бидат добитници на Повелба – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ за 2017 година. Во образложението на комисијата стои дека Супер радио неодамна го одбележа јубилејот 25 години и дека е препознатлив бренд на ...

Read More »

Промовирана бесплатна електронска верзија на Правописот на македонскиот јазик

  Денес на одбележувањето на 73 години од формирањето на Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“- Скопје, една од најстарите и најзначајните културни и образовни установи во земјава, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски ја промовираше електронската верзија на Правописот на македонскиот јазик, која e леснo и бесплатно достапна на адресата правопис.мк (www.pravopis.mk) на Интернет. Министерот Алаѓозовски објави дека Владата на Република ...

Read More »

Владика Петар: БПЦ и СПЦ не може да биде мајка црква на МПЦ-ОА (ВИДЕО)

Мајка црква ние не можеме да ја сметаме Бугарската православна црква во историски контекст на нештата, ниту Српската православна црква пак во контекст н нештата, ниту било кој црква согласно Уставот на нашата црква или поточно наречено преамбулата во Уставот на Македонската православна црква каде што се вели дека тргнувајќи од сознанието дека Св.Павле во 50-тите години дојде во Македонија ...

Read More »

Премиерот Заев на средби со Јункер, Тајани, Могерини и Хан во Брисел (ВИДЕО)

  Резултатите од отпочнатите реформи се видливи, а Европската комисија ја охрабрува земјава да продолжи по патот кон Унијата. Ваква порака испрати претседателот на Европската комисја Жан Клод Јункер по средбата со премиерот Зоран Заев во Брисел. Јункер веќе најави дека во февруари Европската комисија ќе претстави нова стратегија за интегрирање на Западниот Балкан во Унијата. Еврокомесарот Хан пак ја ...

Read More »

Постојаната мисија на СМК при ООН во Њујорк бара признавање на Македонија од 19 држави

  После дисолуција на поранешна СФР Југославија, со Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија донесена од Македонското Собрание на седницата одржана на 25 јануари 1991 година, референдумот “За суверена и самостојна држава Македонија“ одржан на 8 септември 1991 година и со Уставот на Република Македонија донесен од Македонското Собрание на седницата одржана на 17 ноември 1991 година, започна процесот ...

Read More »

Македонија ќе испрати хуманитарна помош во Албанија

Македонија ќе испрати хуманитарна помош кон регионите во Албанија кои се зафатени со поплавите, oва е одлучено на денешната седница на која беше разгледана информацијата од Амбасадата на Република Македонија во Тирана за состојбите со поплавите во Албанија. Владата ги задолжи Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за надворешни работи и другите надлежни институции во рок од три дена да ...

Read More »