Македонија ќе испрати хуманитарна помош во Албанија

Македонија ќе испрати хуманитарна помош кон регионите во Албанија кои се зафатени со поплавите, oва е одлучено на денешната седница на која беше разгледана информацијата од Амбасадата на Република Македонија во Тирана за состојбите со поплавите во Албанија. Владата ги задолжи Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за надворешни работи и другите надлежни институции во рок од три дена да достават предлог решение за испраќање на хуманитарната помош – соопшти Владата на Република Македонија.

Advertisement