Заеднички македонско-албански полициски патроли во Струга

Полициите од Република Македонија и Република Албанија, денеска, во полициската станица во Струга, официјално, на пригодна свеченост, ќе бидат промовирани заедничките полициски патроли составени од полициски службеници од Министерствата за внатрешни работи на двете земји.

 

Од друга страна,  децении и децении се најавува бродска линија од Охрид до Поградец, на албанската страна на Охридското Езеро.Пред неколку дена, на истата тема во Охрид разговараа градоначалникот Никола Бакрачески и амбасадорот на Република Албанија во Република Македонија, Фатос Река.

Амбасадорот Река изрази подготвеност да помогне да се олеснат граничните процедури за функционирање на бродската линија Охрид – Поградец, како поттик во заедничката туристичка понуда на регионот.