Спорт

Македонската фудбалска репрезентација 1:1 против Израел 

Одлична игра на Македонија 1:1, освоивме голем бод, но можеме да жалиме по трите. Нашата репрезентација создаде многу шанси, но реализиравме една. Израел со голот на Захави поведе во 55. минута, но Адеми израмни во 64. минута. Елиф Елмас имаше прекрасна шанса за победа во судиското продолжение, но не погодивме. Одигравме одлично прво полувреме во кое се редеа нашите шанси, ...

Read More »

Македонија: Вардар со лесен триумф над Пекинг ја почна одбраната на титулата во СЕХА

Вардар со лесна победа над Пекинг спортски универзитет ја почна новата сезона во СЕХА лигата, шампионот одигра рутински натпревар и победи со 37:23. Вардар победнички ја почна одбраната на титулата во СЕХА лигата, силата на шампионот ја почувствуваа Кинезите кои оваа сезона треба да бидат освежување во натпреварувањето. „Црвено-црните“ одиграа толку колку што требаше, не се испотија многу за да ...

Read More »

Македонската репрезентација освои третото место на 43-тото издание на традиционалниот меморијален турнир “Бранко Хаџииљоски – Чајка”

Македонската репрезентација оствари голема победа над Бугарија со 3:0 (25:23, 25:21 и 25:19) и го освои третото место на 43-тото издание на традиционалниот меморијален турнир “Бранко Хаџииљоски – Чајка”. По вчерашниот пораз од Украина во полуфиналето, селекторот Никола Матијашевиќ се реши да почне со Ѓорѓи Ѓорѓиев на позиција техничар, Владо Милев како примач и Филип Маџунков на среден блокер. Делувавме ...

Read More »

Македонската репрезентација до 18 години победи над Словачка 

  Македонската репрезентација до 18 години на денешниот втор натпревар од турнирот во Чешка ја совлада селекцијата на Словачка со 3-2. Во интересен натпревар со многу голови и пресврти резултатот го отвори Словачка која преку Томаш Риго уште во 5та минута поведе со 1-0. Но, пресврт следеше веќе во првото полувреме кога Фета изедначи во 25та минута, а Станковски 4 ...

Read More »

16-то светско првенство во параглајдинг се одржува во Македонија

Кога по повеќе од десет години напорна работа ќе ви се оствари сонот, чувството дека времето не сте го губеле залудно е прекрасно.. Вака некако можат да се опишат емоциите на првите луѓе од параглајдеризмот во Македонија, кои се горди на организацијата на 16 тото Светско првенство во параглајдинг, кое деновиве се одржува во Крушево. На полетувалиштето во близина на ...

Read More »

Прва победа на Мундијалот на кадетска ракометна репрезентација на Македонија

Кадетската репрезентација на Македонија ја запиша првата победа на Мундијалот. Вечерва во СЦ Борис Трајковски совладана е репрезентацијата на Нигерија со резултат 37:34, на полувреме 19:18. Уште на почетокот на средбата се виде дека ова ќе биде тежок и неизвесен дуел во кој двете репрезентации ке дадат максимум да обезбедат победа во овој натпрева. Почетното водство на Македонија од 4:2, ...

Read More »

Македонија: Шест екипи ќе настапат на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2019“.

Шест ракометни екипи од Македонија и странство од 14 до 17 август ќе бидат дел од 47-то издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2019“. На турнирот честа на македонскиот ракомет ќе ја бранат Еурофарм Работник, Бутел Скопје и домаќинот Струга, и странски тимови од Шведска, Србија и Грција. Домаќините после една година кога организираа турнир со осум екипи ќе се ...

Read More »

Македонија: Денеска во Скопје почнува Мундијалот за ракометари до 19 години

Македонија првиот натпревар го игра вечерва од 19.00 часот против Аргентина, а скопјани ќе можат да уживаат во мајсториите на најдобрите млади ракометари сè до 18-ти август. РКФ е домаќин на светскиот собир на најдобрите ракометни репрезентации за играчи до 19 години кој ќе се игра во Скопје во „Борис Трајковски“ и во „Јане Сандански“. Нашите млади надежи се во ...

Read More »

Македонските кадетски одбојкарски репрезентативци го освоија бронзениот медал на Балканското првенство

Македонските кадетски одбојкарски репрезентативци го освоија бронзениот медал на Балканското првенство за играчи до 18 години во Урошевац (Феризај). Во последното, петто коло на турнирот, избраниците на селекторот Ванче Санев ја совладаа Албанија со 3:1(22:25, 25:19, 25:19, 25:22) и на тој начин завршија третопласирани. Ова е најголем успех на македонската одбојка во младинските возрасни категории, затоа што е прв медал ...

Read More »

Јуниорската одбојкарска репрезентација на Македонија го освоија седмото место на Балканското првенство

  Јуниорската одбојкарска репрезентација на Македонија го освоија седмото место на Балканското првенство за играчи до 20 години. Во салата на “Олимпискиот парк” во Тирана, избраниците на селекторот Ванче Санев денеска очекувано го совладаа Косово со 3:0 (25:15, 25:16, 25:13) и турнирот го завршија со биланс од две победи и три порази. Претходно, славеа над Косово и во групната фаза, а ...

Read More »