Спорт

Македонската ракометна репрезентација ја победи Финска 27-22

Македонската ракометна репрезентација со 27-22 победи на гостувањето кај Финска и се пласираше на ново Европско првенство. Со одлична игра во второто полувреме Македонија дојде до очекуван триумф во Финска и го завери пласманот на Европското првенство. Во првото полувреме не одигравме на нашето ниво, Финска водеше и со три разлика, а на одморот домаќините заминаа со предност од 14-12. ...

Read More »

Македонија jа направи најголемата сензација во својата фудбалска историја ја победи Германија 2:1

Македонската фудбалска репрезентација ја направи најголемата сензација во својата фудбалска историја со победата над Германија во Дуизбург со 2:1. Нашите репрезентативци одигра одличен натпревар и со головите на Пандев и Еламс ја шокираа Германија на нивен терен. Натпреварот започна со доминација на Германија, но заврши со голема победа на нашата репрезентација. Леон Горетцка во 9.минута прими топка во нашиот шеснаесетник, ...

Read More »

Македонија убедливо со 5:0 славеше против Лихтенштајн

Македонската А репрезентација славеше против Лихтенштајн во натпревар од 2. коло од квалификациите за Светското првенство. На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, нашата најдобра селекција триумфираше со 5:0. Енис Барди го отвори резултатот, Александар Трајковски постигна два гола,  стрелци беа и Елиф Елмас и Илија Несторовски. Македонската репрезентација првата прилика ја имаше во 5. минута преку Горан Пандев, но ...

Read More »

Македонија со убедлива победа над Литванија го завери пласманот во баражот за СП

Македонската женска ракометна репрезентација ја забележа и втората победа во квалификациите, овој пат беше совладана селекцијата на Литванија со 31-21. Македонските ракометарки по вчерашниот трумф над Исланд, денеска ја совладаа Литванија и на меч до крајот го заверија пласманот во баражот за Светското првенство. За разлика од вчерашниот меч, овој пат Македонија немаше падови во играта, селекторот Симовски им даде шанса ...

Read More »

Македонската женска репрезентација го совлада Исланд и си го отвори патот кон баражот за СП

Македонската женска ракометна репрезентација со победа ги отвори квалификациите за бараж за СП во Шпанија, откако го совлада Исланд со 24-17 (12-8), со што е блиску до местото во баражот за Мундијалот. Неверојатна партија имаше Сара Ристовска која постигна 11 голови, зад неа Елена Ѓорѓиевска запиша шест гола. Придонес во победата даде и голманката Матеја Серафимов со 9 одбрани. И ...

Read More »

Македонската ракометна репрезентација го победи светскиот шампион Данска (33:29)

Македонската ракометна репрезентација успеа да го победи светскиот шампион Данска (33:29) и тоа на дебито на новиот селектор Кирил Лазаров. Данците влегоа како фаворити на натпреварот во Скопје во рамките на квалификациите за Европското првенство, но Македонија почна да диктира темпо, постојано имаше водство и на полувреме замина со предност 17:13. Предводени од селекторот Лазаров на теренот, нашите репрезентативци во ...

Read More »

Кирил Лазаров е нов селектор на машката ракометна репрезентација

Претседателот на Ракомететната федерација на Македонија Живко Мукаетов денеска информираше дека на седницата на Управниот одбор на федерацијата одржана вчера едногласно било усвоено назначување на ракометарот Кирил Лазаров за селектор-тренер на сениорската машка ракометна репрезентација. Лазаров на денешната прес конференција се заблагодари на доверената поддршка од ракометната федерација и информираше дека во периодот кој претстои ќе бидат објавени и соработниците ...

Read More »

Данската селекција е старо-новиот ракометен светски шампион

Данската селекција е старо-новиот ракометен светски шампион, откако избраниците на Николај Јакобсен триумфираа на Мундијалот во Египет и го одбранија освоеното злато пред две години. Репрезентацијата на Данска до вториот трофеј од светските ракометни собири стигна со триумфот над Шведска од 26-24 (13-13) во големото финале. Првиот дел од финалната пресметка помина изедначено. Данска само еднаш водеше два разлика, а ...

Read More »

Ракометната репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Чиле 32:29

Ракометната репрезентација на Македонија ја оствари првата победа на светското првенство и се пласираше во следниот круг од натпреварувањето. Имено со резултат 32:29 Македонија попладнево ја совлада репрезентацијата на Чиле. Во следниот круг на натпревари ќе се натпреварува со репрезентациите од групата Х, односно македонските ракометари ги очекуваат уште три доста тешки натпревари и тоа против Русија, Белорусија и Словенија. ...

Read More »

Одбојкарите на Македонија по вторпат на ЕП

Македонија е на чекор до промоција на ЕП 2021 откако нашиот национален тим го доби денешниот последен натпревар против Турција со 3-1 во сетови. Турците остануваат првопласирани во групата, но Македонија со три победи на вкупно четирите средби е многу блиску до промоција како една од најдобрите пет второпласирани репрезентации во седумте групи. Неколку групи се уште не се ниту стартувани, ...

Read More »