Чесите го одбија договорот на ОН за мигрантите

Чешка им се приклучила денеска на се поголемиот број на земји на ЕУ кои го одбиле договорот на ОН за регулирањето на движењето на мигрантите ширум светот. Глобалниот пакт за безбедност, уредна и регуларна миграција усвоен е во јули со гласовите на 193 држави, без учество на САД, кој се повлекле минатата година.

Владата на Чешка изутринава на гласање одлучила да не го потпише договорот, изјавил извори од кабинетот. Официјалните претставници изјавиле дека пактот не прави доволна разлика меѓу легалната и нелегалната миграција, што е став кој го делат и десно ориентираните власти во Унгарија и Австрија, кој исто така соопштиле дека нема да го потпишат договорот на церемонијата во Мароко во декември.

Коалиционата влада на Бугарија исто така се повлекла од договорот, а парламентот за овој пакт ќе се изјасни денеска. Полска најави дека може да тргне по истиот пат. Специјалниот претставник на ОН за меѓународна миграција Луиз Арбур изјавила дека овие потези се погрешни и дека целта на патот е унапредување на регулирањето на движењето на луѓето преку граница./www.kanal5.com.mk