Честитка на македонски јазик на албанската државна телевизија

На албанската државна телевизија и годинава емитувана е новогодишна честитка на македонски и на јазиците на другите етнички заедници. Честитката на македонски јазик, ја упати Илче Костофски, кој ја подготвува емисијата на македонски јазик, што се емитува на вториот канал на телевизијата.

Среќна Нова година и божиќните празници, со желби за добро здравје, среќа, спокојство и хармонија во секое семејство. Во новата година уште посилно и уште подлабоко да ја негуваме нашата традиција на соживот, почитување и прифаќање на различности. Среќна и бериќетна 2020 година. Среќен Божик – порача Костофски. За првпат честитка и на македонски јазик беше емирувана во пресрет на 2015 години, кога истата ја упати Нико Китани, како претставник на Македонците во Државниот комитет за малцинства.