Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана по повод 11 Октомври-Денот на народното востание

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо од името на сите Македонци кои живеат во Албанија упати честитка по повод 11 Октомври-Денот на народното востание.

Почитувани,со голема почит кон загинатите борци, народни херои и дејци и на сите што ги дале своите животи во НОБ и Револуцијата, сите кои се втемелија во државноста и она што се нарекува независна и суверена Македонија, давајќи го најдрагото, својот живот, во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо ви го честитаме 11-ти Октомври-Денот на народното востанието. Да го почитуваме и славиме овој голем ден,- стои во честитката.

Денеска, стои понатаму, да се потсетиме и да им оддадеме достојна почит на оние кои се бореа за слободата,потврдувајќи ја нивната пожртвуваност и патриотизам.  До сите Македонци каде и да се на земјината топка порачуваме да ја сакаме и почитуваме како светост нашата Македонија,- порачува Македонското друштво „Илинден“, во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот за Голо Брдо, Или Халилај.