Честитка од Македонско друштво “Илинден” –Тирана по повод „Св. Кирил и Методиј“

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај од свое и од име на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Ви го честита 24 Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј. Со ова празнување им оддаваме почит на светите браќа од Солун Кирил и Методиј како основоположници на словенската писменост и литература основачи на првата словенска азбука – глаголица, заслужни за културниот развој како на македонскиот народ, така и на сите словенски народи.  Нивниот огромен придонес во битката против заборавот и незнаењето е од непроценлива вредност, бидејќи само пишаниот збор е тоа што останува и преку кој се пренесува знаењето и мудроста на човекот. – стои во соопштението на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.

Advertisement