Честитка по повод 8-ми септември Денот на независноста на татковината Македонија од Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, упати честитка по повод Осми септември денот на „независноста на татковината Македонија“.

Во мое лично име и во името на македонското друштво „Илинден“-Тирана ви го честитам 8-ми септември денот на независноста на татковината Македонија. Пред точно 30 години, македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава, стои меѓу другото во честитката. Се додава дека овој историски ден е симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ да го оствари својот вековен стремеж и да изгради независна и суверена држава.

Нека ни е честит и вековит денешниот празник, нека е вечна нашата татковина, Република Македонија, се наведува во честиката потпишана од Никола Ѓурѓај претседател на друштвото.

Advertisement