Во неа се наведува дека Божик е празник кој секој христијанин го дочекува во кругот на семејството радувајќи се и славејќи го животот. И оваа година Божик нека биде инспирација сплотени со отворени срца и чиста мисла да помислиме на сите оние на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа и безрезервно да им ја понудиме нашата помош. Токму во духот на христијанството, дозволете уште еднаш да посакам во срцата на сите верници да се всели мирот и спокојството, радоста и разбирањето и да продолжиме да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните. Христос се роди, се подвлекува во честитката на македонското друштво „Илинден”.

Христовото раѓање се слави насекаде во Албанија каде што живеат Македонци. Во духот на македонските обичаи и традиции, разменувајќи си желби за здравје. среќа, мир, благосостојба Македонците присуствуваат на светите богослужби во областите Мала Преспа, Голо Брдо, Врбик, како и Корча, Билишта, Подградец, Елбасан и Тирана. И годинав а нема да изостанат бадниковите огнови и коледарчињата секаде каде што живеат Македонци.