Четврта кандидатура на Темелко за локаланите избори во Албанија

Во рамки на изборната кампања, кандидатот за градоначалник на општина Пустец,од македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) Едмонд Темелко,остварува средби со жителите на населените места во општината. Темелко на локалните избори што во Албанија ќе се одржат в недела, довербата на жителите од оваа општина ќе ја побара по четвртипат. На претходните избори, 2007, 2011 и 2015 година за градоначалник беше избран со околу 80 отсто од гласовите. На средбите со жителите на Леска, Зрноско, Глобочани, Долна и Горна Горица и останатите населени места презентрајќи ги досегашните реализирани актовности, тој ја побара довербата за да како што рече, да продолжат со веќе започнатите но и со низа нови проекти.

Излезете масовно на изборите и гласајте за МАЕИ за да сите заедно ја продолжиме успешната приказна за Мала Преспа. Самите сте сведоци, што во изминатите години години направивме во секој поглед,изградба на патишта низ сите села, патот кој не поврзува со граничнот премин Стење, водовод, добивме еден од најубавте плоштади,кој го носи името на Гоце Делчев, кого го краси ново изградената црква „Свети Архангел Михаил“. Успеавме да ги вратиме автентичните македонски топоними,поставивме соодветна патна сигализација, имаме многу културни манифестации…. Но,треба уште многу да се стори.

Во програмата за следните четири години предвидуваме реализација на многу проекти насочени кон подобрување на условите за живот, зголемување на вработеноста, зачувување на македонскиот идентитет, култура, обичаи и традиција, рече меѓу другото Темелко на средбата со жителите на Леска. Изборната кампања, која ќе ја заврши во п петок со митинг во Пустец, ја води под слоганот „Преспа пред се.За подобра иднина“

Advertisement