Делегација на ПССЕ ќе допатува во посета на Албанија пред изборите

Делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), составена од четворица членови, предводена од Италијанецот Паоло Корзини, ќе пристигне во посета на Албанија на 1 и 2 јуни, со цел да ја оцени предизборната кампања и политичката клима во земјата пред парламентарните избори закажани за 25 јуни.

Според извори од Советот на Европа во Стразбур, делегацијата ќе се сретне во Тирана со претседателот на Парламентот, Илир Мета, со лидери и претставници на главните парламентарни групи, како и на политички партии.

Предвидени се средби и со претседателот на Централната изборна комисија и со претставници на меѓународни организации, дипломатскиот кор, невладини организации и медиумите. Делегацијата ќе објави соопштение на крајот од посетата. Истата делегација ќе ги набљудува и изборите на 25 јуни.