Делегација на ВМРО-ДПМНЕ на Конгрес на ЦДУ во Лајпциг

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денес (22.11.19) заедно со потпретседателот Александар Николоски, членот на Извршниот Комитет Владимир Ѓорчев и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски ја продолжуваат својата меѓународна активност присуствувајќи на Конгресот на Германската владејачка сестринска партија ЦДУ кој се одржува во Лајпциг.

Ќе бидат остварени и повеќе билатерални средби како што е со  Јохан Вадефул – Координатор на Пратеничка Група на ЦДУ/ЦСУ; Торстен Фреи, Заменик Координатор на Пратеничка Група, Петер Бејер, Пратеник на ЦДУ и член на Комисија за надворешна политика

Инаку на Конгресот на ЦДУ ќе се расправа за утврдување на политички постулати за следниот период на дејствување. Ќе се отвораат теми поврзани со економски и социјални политики во Германија, дејствувањето на Германија во ЕУ како и стратешки надворешно политички приоритети. – стои во соопштението на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.