
Состанокот на раководството на Демократска партија се претвори во маратонски состанок што сведочи за големи внатрепартиски проблеми. Лидерот Љуљзим Баша зборуваше за обединување на спротивставените фракци на партијата, но не ја прифати главната теза на неговите критичари дека лошо ја води партијата, Баша најави промени во статутот на демократите.
„Се додека јас сум лидер на Демократската партија нема да има фракции, но ќе има простор за секој демократ кој сака да придонесе за заедничката цел, која е национална цел, не само цел на Демократската партија, за ослободување на земјата од криминалот, од бандите кои владеат денес, како верни сојузници на Еди Рама, кој ги искористи за да ја добие власта.“ – изјави Љуљзим Баша- лидер на Демократска партија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden