Демократската партија: Граѓаните без струја, Рама си отвора изложба во Берлин

Демократската партија во Албанија денес рече дека премиерот Еди Рама го нарушил мандатот откако отворил самостојна изложба во Берлин. Парламентарката Албана Вокши изјави дека чинот на Рама, кој лично присуствуваше на отворањето на неговата излкожба, е „кршење на законот и тоа во време кога повеќето Албанци живеат во мизерни услови“.

Таа додаде дека во услови на зимски студ, Тирана и неколку други градови се соочени со сериозни ретсрикции на струја, а студентите уште ја бојкотираат наставата, но Рама си отвора приватна изложба во Германија.

„И сметките за вода од овој месец се повисоки заради нововодените такси“, истакна Вокши.

Инаку, Рама вчера во галерија „Карпе Дием“ во Берлин ја отвори својата самостојна изложба. Станува збор за сликарски дела изработени врз дописи, факсови или изработени додека траеле политички состаноци.

„Во неговите погледи уметноста не е одвоена од политиката“, напиша Ханс Урлих, кураторот на изложбата. Но, опозициските демократи го искритикуваа Рама велејќи дека тој не ги одвоил приватните од професионалните обврски.

Advertisement