Ден на виното во Долна Горица Мала Преспа (ФОТО)

Денеска во Долна Горица, Општина Пустец, Македонците од Мала Преспа ја продлжуваат традицијата на организирање Ден на виното 2018, традиционално веќе неколку години во Мала Преспа се организира Денот на виното. Со поддршка на “Мрежата за заштита на природата”, преку здружението за заштита на животната средина Green & Clean во соработка со Националниот парк Преспа, АДЗМ – Корча и општина Пустец. Ден на виното беше организиран во форма на конкурс на вино во дворот од зградата на Националниот парк Преспа, со новото вино од ова година и со учество на фолклорна група од деветолетното училиште “Отпорот на Горичени“ од Долна Горица и со панаѓур со традиционалните производи од областа на Мала Преспа. На прославата присуствуваа претставници од локалната власт администрацијата на паркот претставници на медиумите и Македнци од областа Мала Преспа.