Денеска е Св. Наум Охридски, просветител на македонскиот народ

Денеска е Св. Наум Охридски, монах и презвитер, исцелител и просветител на македонскиот народ. Свети Наум му беше најблизок соработник на божествениот Климент, а и на светите браќа Кирил и Методиј. Со последниве тој беше заедно во нивната мисија во Моравија. Св. Наум Охридски, го основа манастир на Охридско езеро, денешниот Свети Наум, каде ги помина последните 10 години од животот. Мирно се успокои во Господа, како монах, во 910 година. Тој до денес не престанува да чудотвори. Посебно е познат како исцелител на душевно болни.

Advertisement