Џелили за весникот „Илинден“: Претседателот Мета се заложи за вклучување на малцинства во институциите

Албанскиот претседател Илир Мета се заложи за вклучување на припадниците на националните малцинства во институциите на локално и централно ниво, изјави Елса Џелили координаторка на Македонско друштво „Илинден“-Тирана за округот Елбасан за истоимениот весник. Џелили, која ја предводеше делегацијата на друштвото на средбата со Мета, на која присуствуваа претставници и на другите етнички заедници во земјата, рекол дека „националните малцинства мора да се почитуваат максимално“.

Почитувањето и заштита на националните малцинства, како нераскинлив дел од албанското општество, е зацртано со Уставот, со признавање на правото на слободно изразување без попречување или принудување на изјаснувањето на нивната етничка, културна, верска и јазична припадност и правото да учат на нивниот мајчин јазик, рекол Мета. Не смееме, додал тој, да поттикнуваме верски и етнички конфликти.

Албанија е пример за светот и со верската толеранција. Единствениот пат за напредок на Балканот е да се почитуваат националните малцинства, оценил тој. Таа не го крие задоволството од срдечната средба со шефот на државата и додава дека во дворот на претседателската резиденција во Тирана, по средбата и обраќањата на претставниците на малцинствата, Македонците одиграле оро на познатата македонска народна песна „Бисер балкански“

Advertisement