Директорот на Албанската тајна служба (ШИШ) поднесе оставка

Директорот на Албанската тајна служба (ШИШ) Вишо Ајази Лика поднесе оставка, објавија денеска албанските медиуми. На местото на Лика се очекува да се именува досегашниот заменик шеф на ШИШ, Хелидон Бендо. Оставката на Лика поттикна шпекулации, превенствено во редовите на опозицијата. Лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша наведе дека „постои можност“ оставката на Лика да е поради политички притисок, со цел да се намалат последиците од скандалот со вмешаноста на поранешниот министер на полицијата Сеимир Тахири во шверцот со дрога.

Advertisement