Директорот на проектот „Силни општини“ Норберт Пијлс во посета на Општина Пустец

Директорот на проектот „Силни општини“ Норберт Пијлс оствари средба со Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Коефски. За време на посетата нашироко беше разговарано со градоначалникот и општинскиот совет за досегашниот придонес и интервенциите на проектот во подобрување и зајакнување на локалната власт. На средбата, многу отворено, се разговараше за можни активности кои би помогнала за надминување на проблемите на Македонците во областа Мала Преспа на повеќе полиња.

Advertisement