Директорот за Балканот на Стејт департментот во Тирана

Директорот за Централна и Јужна Европа во Стејт департментот Дејвид Костеланчик денеска ќе престојува во Тирана. Високиот американски функционер, првата средба ќе ја има со спикерот на парламентот Грамоз Ручи, потоа, со лидерот на опозициската Демократска партија Љуљзим Баша, со шефицата на опозициското Социјалистичко движење за интеграција Моника Круемади, а доцна попладне со премиерот Еди Рама. Засега нема информации дали е предвидена средба со претседателот Илир Мета.

Длабоката политичка криза и недостигот на дијалог меѓу партиите се следи со голем интерес од меѓународните претставнци. Високи функционери и дипломатски мисии апелираа до политичкиот спектар во Албанија да најдат заеднички јазик со цел интегрирање на земјата во структурите на Европската унија и надминување на „личниот инает“, но досега без успех. Токму политичката криза во Тирана го носи и високот амеркански претстваник, оценува Балкан веб.

Костеланчик доаѓа во време кога парламентарната анкетна комисија почна истрага за претседателот Илир Мета околу обвинувањата на владејачкото мнозинство за непочитување на Уставот и најавите на обединетата опозициа за продолжување со масовните протести.

Advertisement