Дојче Веле: Путин и Орбан, спасители на христијанството

Рускиот претседател Владимир Путин повторно е во посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан.  Она што веднаш може да се забележи е тоа дека Путин е многу почесто во Будимпешта, отколку на пример Ангела Меркел, анализира Дојче Веле.

Во Будимпешта се одржува конференција на епископи и свештеници од Блискиот исток. Темата на собирот е како подобро да се заштитат христијаните во тој регион.

Путин и неговиот домаќин Виктор Орбан, овојпат во јавноста се претставуваат како заштитници на христијанството, таму каде што тоа е речиси исчезнато и каде е најзагрозено – на Блискиот исток.

По ова тие се разликуваат од западните земји, кои добро внимаваат при реализацијата на хуманитарни проекти во тој регион да не прават разлика помеѓу муслиманите и христијаните, бидејќи тоа би претставувало еден вид на дискриминација.

Спасители на Христијанството

Путин и Орбан на тоа гледаат поинаку. Западните земји го гледаат прогонот на христијаните како „облик на прифатена дискриминација, изјави воочи конференцијата министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто. И навистина досега Унгарија има дадено 50 милиони долари за изградба или обнова на училишта, цркви и болници на христијанските заедници во тој регион.

Покрај тоа, Унгарија е единствена земја која има заменик државен секретар задолжен за заштита на пргонетите христијани ширум светот.

Тоа во секој случај е нешто ново кога се работи за средбите меѓу Путин и Орбан. Секогаш кога тие двајца се среќаваат – Без разлика дали е тоа во Будимпешта или Москва, а тоа се случува отприлика два пати во годината, медиумите, пред се оние од Западот, секогаш пишуваат дека се работи за средба на двајца автократи.

Пари и атомски електрани

Темата за христијанството е само кулиса, бидејќи овие лидери всушност повеќе ќе разговараат за пари и снабдување со енергија, отколку за христијанството.

Двете главни теми би требало да бидат снабдувањето со гас и проширувањето на атомската електрана Пакс.

Но, кога станува збор за таа електрана, станува збор за бизнис вреден десетици милијарди евра.

Унгарија одлучила за модернизација и проширување на постоечките електрани да ангажира руски, а не западни фирми. Тоа, технички гледано има логика, бидејќи Русите се тие и кои ја изградиле нуклеарната електрана Пакс, па логично е и тие да ја модернизираат, односно да ја надградат.

Но, тоа е политички чувствителна одлука која предизвика прилично големи расправи. Многумина во тоа гледаат опасен потег со кој Унгарија се доведува во уште поголема зависност од големата Русија, кога е во прашањето снабдувањето со енергија.

И својот гас Унгарија го добива само од Русија, а причината е тоа што рускиот гас е всушност поевтин.

Кога ќе се посвети внимание на деталите, ситуацијата станува уште покомплицирана. За финансирање на оваа зделка, Русија им одобрила кредити на Унгарија под услови кои не се познати во јавноста. Но, факт е дека во однос на периодот кога тој кредитен договор бил склучен, каматите на светскиот пазар забележале значителен пад, а дека условите во руско-унгарскиот договор не се менувале.

Реална политика на една мала земја

Надвор од сите тие конкретни теми, секако се поставува и прашањето зошто Орбан и Путин почесто се посетуваат, отколку  што тоа на пример го прави унгарскиот премиер со лидерите на западните земји.
Откако Орбан дојде на власт во 2010 година, германската канцеларка Ангела Меркел само два пати беше отпатува да го посети во Будимпешта.

Еден од одговорите на ова прашање зошто Орбан не оди во посета на лидерите од западните земји, всушност е и фактот дека Орбан многу често се среќава со нив во Брисел.

Но, дел од одговорот е и тоа дека Унгарија како мала земја, стисната помеѓу светските сили, научила дека е најдобро на секому да му понуди по нешто, односно со сите да биде добра.

Така, Орбан ја поддржува американската политика во Ирак или Авганитан и таму испраќа и војници.

Германските автомобилски продавници добовиаат поволни услови за тргување во Унгарија. Од друга страна, Орбан на рускиот претседател му нуди атомска електрана Пас и сцена за настапи: Во Будимпешта, Путин може да покаже дека и тој во редовите на ЕУ има свои партнери.

Advertisement