Дополнителни 15 услови за Албанија пред почетокот на преговорите

Во време кога се очекуваше ЕУ да ја финализира преговарачката рамка за Албанија, Европскиот парламент даде 15 дополнителни услови што Албанија мора да ги исполни пред да започнат преговорите за членство. Амандманот што го поднесе групата на Европски народни партии со 15 услови беше одобрен со 388 гласа „за“, 280 беа „против“ а 19  беа„воздржани“. 15-те услови што ги предложија Германија, Франција, Холандија, Данска и Шпанија од март вклучуваат: усвојување на изборната реформа и продолжување на реформата во правосудството, напредок на реформите во јавната администрација, функционирање на Уставниот и на Високиот суд, формирање на структури против организираниот криминал и корупцијата, намалување на бројот на баратели на азил и друго.

Advertisement