Досега се попишале 121 520 државјани на Македонија кои се наоѓаат во странство

Преку апликцијата за самопопишување заклучно со 08.30 часот изутрина се евидентирани вкупно 121 520 лица. Процесот на самопопишување почна на 1 март и ќе трае до 21 април, а преку апликацијата се попишуваат македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци. Од 1 март се попишуваат и дипломатите и нивните семејства, а од 1 до 15 март се попишуваа лицата кои се наоѓаат во служба на Армијата на Република Македонија, во државата или во странство, лицата во притвор или на издржување казна затвор во затворите, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови, како и бездомниците. Пописот на населението, домаќинствата и становите, пак, треба да се спроведе од 1 до 21 април.

Advertisement