Дождови предизвикаа поплави и штети во Албанија (ВИДЕО)

Албанија е зафатена од обилни врнежи, кои поплавија обработливи земјишта и предизвикаа оштетувања на патиштата и електричната мрежа. Албанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во северозападната општина Скадар биле поплавени околу 170 хектари земјиште, а каливите свлечишта привремено го блокирале сообраќајот во јужната општина Гирокастро, Тепелена, Валона и Фиер. Оштетената електрична мрежа остави многу села без струја во овие области. Службата за цивилна заштита соопшти дека нови поројни дождови се очекуваат и во следните четири дена.

 

Advertisement