Државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Македонија, Зоран Попов во работна посета во Општина Пустец

Државниот секретар на Министерството за надворешни работи, на Република Македонија, Зоран Попов реализираше средба со градоначалникот на општина Пустец, присутен на средбата беше пратеникот во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски, Амбасадорот на Република Македонија во Тирана, Данчо Марковски, и директорот на културно информативниот центар на Република Македонија во Тирана, Златко Ориѓански и други претставници на националното малцинство од регионот на Мала Преспа.
Са време на посетата, Попов го посети и основното и средното училиште ,,Митре Колефски и Трајан Ѓоргијовски’’, кое е реновирано со поддршка на Владата на Република Македонија, како резултат на заклучоците на заедничката седница со Владата на Албанија, Поградец во 2018 година.
Advertisement