Државното обвинителство и СПАК му одговорија на Мета дека нема истражна постапка за ниту еден од кандидатите за министри  

За неполни 24 часа, државното и Специјалното обвинителство одговорија на барањето на претсеателот Илир Мета, за „чистотота на личноста на кандидатите за членови на новиот владин кабинет на Еди Рама“. 

Во одговорот до шефот на државата, обвинителството наведува дека ниту еден од кандидатите не е под истрага. Освен од оваа институција, Мета вчера со идентично барање се обрати и до Специјалното јавно обвинителство, од каде добил одговор, дека против ниту еден од кандидатите не се води истражна постапка. 

Барањата на Мета следуваа веднаш откако Рама во својство на мандатар на новата влада му го достави списокот на кандидади за министри. Според законот претседателот треба да се изјасни за предложените кандидати во рок од 7 дена од доставување на предлогот од страна на премиерот, сметано од 12 септември. 

По добиените одговори на барањата од државното обвинителство  и СПАК, се очекува Мета да потпише указ за сите министри одделено, по што во рок од 10 дена Рама треба да ја достави до Парламентот владината програма и составот на владата. 

Во владата „ Рама 3“ заменик премиер ќе биде Арбен Ахметај, министер  за Европа и надворешни работи Олта Џачка, за правда Улси Мања, за финансии Делинда Ибрахими, за внатрешни работи Бледи Чучи, за одбрана Нико Пелеши, за здравство Огерта Манастирлиу, за инфратсруктура Белинда Балуку, за култура Елва Маргарити, за образование Евис Куши, за земјоделство Фрида Крифца и Мирела Кумбаро за туризам.

Advertisement