Двајца Македонци се кандидати за градоначалник на Општина Пустец, областа Мала Преспа на локалните избори во Албанија, кои ќе се одржат на 14 мај, каде мнозинство е македонското население.
Актуелниот градоначалник Пали Колефски како заеднички кандидат на владејачката Социјалистичка партија и Македонска алијанса за европска интеграција, вели дека очекува голема поддршка од граѓаните и победа за да се реализираат сите започнати проекти.
Негов противкандидат е Панди Јани кој доби поддршка од Партијата на слободата на поранешниот албански претседател Илир Мета. На стартот на кампањата Јани вети нов лик, чиста и модерна општина Пустец која ќе прерсне во вистински туристички центар.
Advertisement