Движењето “#Бојкотирам уставни промени“ организира грандиозен и величествен Семакедонски протест против измена на Уставот и името

 

Во организација на движењето “#Бојкотирам уставни промени“, неделава пред Собранието на Република Македонија се одржа грандиозен и величествен Семакедонски општонароден протест против измена на Уставот и против промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Протестот започна со интонирање на македонската национална химна испеана од оперскиот пејач Игор Дурловски, а протоколот го водеше актерката Арна Шијак. Пред присутните обраќања имаа Горан Костовски, Томче Ширков, проф.д-р Солза Грчева, Љупчо Палевски, Кристијан Бенито и Тодор Петров. Поздравна телеграма до протестот упатија проф.д-р Горазд Росоклија, проф.д-р Жидас Даскаловски и м-р Зоран Витанов.

Од Семакедонскиот општонароден протест беа упатени следните барања: 1) итно и безусловно запирање на постапката за измена на Уставот заради промена на името на државата Македонија и името на Македонскиот народ; 2) поништување на Спогодбата Димитров-Коѕиас; 3) продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија; и 4) оставка на Владата, распуштање на Собранието и вонредни парламентарни избори! Ниту врнежливото и студено време и застоите на пат кон метрополата, не ги спречи околу 20.000 Македонци со повеќе од сто бесплатни автобуси, голем број на патнички возила и мини автобуси да пристигнат од сите краишта на Републиката пред Собранието на Македонија. Меѓу протестантите пристигнаа и неколку автобуси со Македонци од Егејскиот дел на Македонија, од Пиринскиот дел на Македонија, од Албанија, Србија и Косово, бурно поздравени од присутните.

На почетокот организаторот упати молба за достоинствен протест оградувајќи се од меѓусебни провокации и кон припадниците на Министерството за внатрешни работи. Не дозволуваме реприза на 27 април 2017 година. Поради предавството, тогаш, стотина Македонци станаа жртви и се’ уште како невини, со монтирани политички процеси, лежат во затворите Идризово и Шуто Оризари, – рече водителката Арна Шијак.

Денес сме тука, да го продолжиме отпорот против промена на Уставот, после неуспешниот референдум на 30 септември годинава, бидејќи за Владата очигледно не важи волјата на народот! На Владата ќе и’ вратиме со граѓанска непослушност и активизам, се’ до нејзино заминување! Не, НИЕ, во Собранието! Со нашиот отпор, ќе ги принудиме пратениците да излезат пред нас, да ни кажат, дека ги прифаќаат барањата на народот! – рече Арна Шијак. Од Порта Македонија до бината продефилира огромно знаме со македонското шеснаесет-зрачно златно-жолто сонце на црвена основа придружуван со запалени факли.

Горан Костовски, еден од основачите на интернет-мрежата #Бојкотирам упати критики кон медиумите и информативниот мрак кој надвладува во Македонија. Не сакаме злато, затоа што не сме Северџани. Ние сме со достоинство. Достојни сме на името Македонија! Македонија има свое име! Името на државата е идентитетот на нацијата. Не сакаме бирократи и дипломати да ни ја пишуваат историјата. За нив само апсаана важи. Го одбравме патриотизмот наместо глобализмот. И ќе се бориме до последниот човек за Македонија. Бојкотираме заради враќање на суверенитетот и интегритетот на Македонија. Нашата сила е на социјалните мрежи, нашата сила е во информациите кои ви ги пренесуваме. Тие што денес не’ претставуваат во Собранието и Владата не’ излажаа. И затоа имаме право на самоодбрана, имаме основно човеково право да си ги одбраниме името, честа и самопочитта. Со овој протест сакаме да ја сочуваме нашата Република, сакаме да ја вратиме нашата вера и сила во Македонија. Сите ние сме чеда на мајка Македонија, Македонија не е само наше право, туку и одговорност и обврска! Нас не не’ интересираат партиите, обединети сме за Македонија! Одиме заедно до крај и нема сила во тоа што ќе не’ спречи! – порача Горан Костовски.

Добровечер Македонијо, денес сме пред Собранието, за да го спречиме донесувањето на измените на Уставот со цел промена на името! Заедничка ни е Македонија и нам и на припадниците на Министерството за внатрешни работи! Заедно ја чуваме нашата историја и иднина, територија и татковина! Ги поддржуваме во нивните барања за подобрување на нивниот социјален статус во општеството, се приклучуваме кон протестот на полицискиот синдикат за поголеми плати на припадниците на МВР, и затоа упатуваме молба и тие во знак на солидарност со нас да ги положат кацигите пред нив. Нема да гинеме меѓу себе за продадените и одродените! Бараме оставка на Владата, распуптање на Собранието и распишување на вонредни парламентарни избори! Бараме отфрлање на Спогодбата Димитров-Коѕиас и повлекување на амандманите за измени на Уставот заради промена на името на државата! И после се’ и покрај се’, нашата држава ќе остане Македонија, бидејќи ние сме Македонци и нашиот јазик е Македонскиот! – порача Томче Ширков.

Во секој од нас е пламенот и љубовта кон Македонија. Ајде да започнеме сенароден отпор. Затоа што Ние, народот, сме суверенот во Македонија. Никој друг освен Македонскиот народ и македонските државјани! Бараме распуштање на ова ненародно Собрание, затоа што ни го брише АСНОМ од преамбулата на Уставот, ја кине душата на Македонскиот народ од неговото многувековно постоење. Македонија – вечна да ни е! – порача проф.д-р Солза Грчева. Без македонизмот Балканот не може да функционира, – порача Љупчо Палевски и продолжи, Нема решение на Балканот без Македонија. Без Македонија, Балканот е осуден на војни. Затоа, Македонизмот како основа на државноста, ги анулира противречностите на Балканот. Македонизмот ја креира Македонската држава на сопствена територија, со правото на Македонците на самоопределување и самоуправување. Македонскиот народ е носител на суверенитетот на територијата на државата Македонија! Македонскиот народ е чувар на мирот на Балканот! Но, очигледно агнлосаксонскиот хегемон бара војна, бара конфликт, бара деструкција. Затоа и почнаа со демонтажа на македонизмот, без кој нема мир на Балканот. Поради сето тоа нашата мала Македонија стана премногу важна дестинација за глобалистите и нивните глобалистички алатки НАТО и ЕУ. Затоа и оној Шешељ јадно се извини, затоа што за првпат ја виде големината на Македонскиот народ. Патем, Путин треба да му изгради споменик на Зоран Заев во Москва, бидејќи не постои поглуп американец во светот од него! Не постои друг кој вака грубо и неписмено спроведува глобалистички интереси на домашен терен. Клучот за мирот на Балканот отсекогаш бил во Македонија. Затоа, баталете ги Вашингтон и Москва, клучот е во нас, во Македонија! Нашиот македонски национализам е дефанзивен! Нашиот македонски национализам е одбрана од диктатури надворешни или внатрешни. Диктатурата на Зоран Заев е инсталација од странство! Нашиот македонски национализам не е ниту расистички, ниту шовинистички, туку е во контекст на суверенизмот а со тоа и на македонизмот! Национализмот кај нас значи волја на народот, владеење на правото и на народот, спротивно од владеењето на диктаторот инсталиран однадвор. Не заборавајте: Македонизмот ја претставува слободата и сувереноста на Република Македонија! – заврши Љупчо Палевски.

Добровечер Македонијо, исправени сме пред ова Собрание без попуштање до остварување на барањата. Им се обраќаме на тие во Собранието. Во “доборососедските“ договори на оваа Влада со Албанија, Бугарија и Грција, нема ништо добро за Македонскиот народ, затоа што сакаат да не’ направат нација без херои. Сите македонски херои од антиката сакаат да и’ бидат припишани на Грција. Сите херои од средниот век до 1944 година сакаат да и’ ги припишат на Бугарија. Сакаат со сила да не направат вештачка нација. Од библиска земја сакаат да не претворат во земја создадена 2019 година, бидејќи годинава сакаат да го ратификуваат срамниот договор со Грција. Велат, Спогодбата Димитров-Коѕиас е договор за добрососедство. Добро го видовме скандирањето на грчката армија на парадата во Солун дека Македонија е само грчка. И досега никој од грчката политичка елита не излезе со извинување кон Македонскиот народ. Иронијата да биде поголема, Македонската влада дури ни протестна нота не’ испрати до грчката влада за флагрантното нарушување на добрососедските односи. Антимакедонизмот ли е добрососедство? Ни велат, склучивме доборососедски договор со Бугарија. Каков добрососедски договор е постигнат со Бугарија, кога Софија не го признава Македонскиот народ во целина, кога велат дека Македонскиот јазик е бугарски дијалект? Бугарија сега бара ревизија на македонската историја. Сакаат да ни ја ретушираат историјата, тие да ни ги пишуваат учебниците, за да бидеме Бугари наместо Македонци. А, за волја на вистината, Бугарите важат за најплагијаторски народ на Балканот! Ни ги присвоија сите песни: “Зајди зајди“ ни ја присвоија, “Болен лежи катил Ѓорѓи“ ни ја присвоија, “Македонско девојче“ ни ја присвоија, “Едно име имаме“ и таа ни ја присвоија. Може сешто да прават, но, вистината е: Ние имаме едно име, нашето име е само Македонија! Нашите претци со фолклорот и традицијата ни оставија аманет да го сочуваме името Македонија, бидејќи е свето и библиско. Клетвата ќе го стигне секој што ќе се обиде да го промени. Да живее Македонија! – порача Кристијан Бенито.

Тодор Петров пренесе искрени поздрави од Македонците од сите делови на Македонија и од Македонците во светот, од Европа, Канада, Америка и Австралија.

Македонците во целиот свет ги отфрлаат Тиранската платформа, Договорот Заев-Борисов и Спогодбата Димитров-Коѕиас. Тие се ништовни и во спротивност со домашното и меѓународното право. Претставуваат велепредавство на нацијата, затоа што со нив Македонија треба да стане територија без народ и историја. Се разбира, тоа, нема да биде! НИЕ, Македонскиот народ, тоа нема да го дозволиме! Штом се смени власта ќе бидат поништени! Единствени сме и обединети, во барањата за оставка на Владата, распуштање на Собранието и распишување предвремени парламентарни избори! Оваа марионетска влада е нелегитимна, бидејќи врши флагрантно кршење на Уставот и законите, на правата и слободите! Го отфрламе пристапувањето во Европската Унија и НАТО Алијансата поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на името, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија! ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името и идентитетот! Бараме воени репарации од Атина за окупацијата врз Македонија од 1912 година и геноцидот врз Македонците кој се’ уште трае! – рече Тодор Петров.

Петров побара Претседателот на Републиката итно и безусловно да ги помилува сите од настаните во Собранието на 27 април 2017 година и да ги извести Генералниот секретар и членките на Обединетите Нации за ништовност на Спогодбата Димитров-Коѕиас, како и да упати предлог-Резолуција до Генералното собрание за продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија! Петров побара Јавниот обвинител да поднесе обвинителен акт против пратениците и членовите на владата поради кривични дела против државата и нацијата. Петров го повика Уставниот суд да ја поништи Одлуката за пристапување кон измена на Уставот со времена мерка до одлучување. Петров побара Уставниот суд и Управниот суд да ја поништат одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието по иницијативите поднесени во 2017 година, а Уставниот суд да го поништи Законот за партиското специјално јавно обвинителство по иницијативата од октомври 2015 година!

Петров ги повика пратениците на опозицијата на заедничка акција, со блокади на раскрсниците, на генерален штрајк, не само во Скопје, туку во сите градови низ Македонија, за да се спречи промената на името и измената на Уставот, да падне режимот од Муртино! Протестот помина мирно и достоинствено, независно од огромното полициско присуство во централното градско подрачје.

Advertisement