
Албанија засега брои една жртва по големите поплави предизвикани од поројните дождови што ја зафатија земјата. Се работи за вработен во националната енергетска компанија. Над 7874 хектари земјоделско земјиште и 3193 куќи се под вода, а неколку патишта на југот на земјата се во прекин заради поплави и лизгање на земјиштето. Околу 6400 полицајци и војници се во акција помош на настраданите. Покрај поплавеното обработливо земјиште, поплавени се и голем број куќи, урнати се мостови, оштетени се патишта, а во училиштата прекината е наставата.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden