Еди Рама во посета на Москва (ВИДЕО)

На средбата се очекува да се разговара за тензичната ситуација на границата Русија- Украина. Премиерот на Албанија Еди Рама пристина во Москва. Во текот на утрешниот ден, се очекува Рама да има средба со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. Рама во Русија патува во својство на претседателството на неговата земјата со ОСБЕ. На средбата се очекува да се разговара за тензичната ситуација на границата Русија- Украина. Рама пред неколку дена изјави дека ги подржува напорите за постигнување на мир. Нашето делување ќе се потпира на три столба. Ќе ги подржиме трипартитните напори но потребно е политичка волја од сите страни, бидејќи тоа е клучно за мирот. Ги уверив сите мои колеги за моите напори за мир – изјави премиерот на Албанија, Еди Рама.

Advertisement