Едмонд Османи назначен за администратор на админстративната единица Требиште област Голо Брдо

Едмонд Османи, познат активист за правата на Македонците во Албанија и потпретседател на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, е назначен за администратор на админстративната единица Требиште, областa Голо Брдо. Наименуван е со решение на градоначалникот на општина Булќиза, Лефтер Ала. Административната единица Требиште всушност е некогашната општина Требиште, која беше укината со законот за територијална поделба, опфаќа шест села, кои сега потпаѓаат под општина Булќиза.

Ова е одговорна функција,бидејќи сите надлежности околу функционирањето на амдинистратвната единица се на администраторот. Просторно сме во објектот на поранешната општина, сите протории се функционални и се сместени службите за социјална заштита, урбанизам како и други служби, вели Османи. Четириесет и две годишниот Османи е дипломиран економист а до сега работел во повеќе сектори во општина Требиште.

На првата средба со новите администратори на админстративните единици во општина Булќиза, градоначалникот Ала, побарал да се посвети посебно внимание во реализација на предвидените проекти што се во интерес на сите жители. За подобрување на патната инфраструктура во адмнистратвните единици Требиште и Острени со општинскиот буџет за оваа година предвидени се четири проекти.