Во германскиот град Бланкебург, на истокот од земјата, рано утрово одекнала силна експлозија. Германските медиуми наведуваат дека експлозијата одекнала во 08:55 во една станбена населба. Според последните информации најмалку 25 лица се повредени, но тој број не е официјален ниту конечно потврден а не е позната ниту причината за експлозијата ни останатите детали. Портпаролот на полицијата Уве Бекер изјавил дека е во тек евакуација на станарите од тој блок. На фотографијата која ја објави полицијата се гледа станбен блок со пет ката и оцрнети прозори на вториот кат од кои излегува дим.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
