ЕФА: Бугарија да ги прзнава Македонците и да ги почитува малцинствата

Делегација на Европската слободна алијанса ја посети Бугарија за да ја испита состојбата на македонското малцинство во Бугарија. ЕФА стои цврсто на уверувањето дека најголемото богатство на Европа е разновидноста на нејзините народи. Во Бугарија, разновидноста не се почитува, стои во соопштението на Европската слободна алијанса чии членови се ОМО “Илинден”- Пирин од Бугарија и партијата „Виножито од Грција. ЕФА и нивната членка ОМО “Илинден”- Пирин постојано укажуваат и осудувуаат ситуацијата на Македонците во Бугарија, но без успех. Сега,  за време на бугарското претседавање со ЕУ, време е бугарската влада да покаже дека се залага за трите столба на ЕУ: демократијата, владеењето на правото и човековите права. 10 години по пристапот до членство во ЕУ, Бугарија сé уште ги прекршува пресудите на ЕУ за малцинствата.

Малцинските права се човекови права – и основа на демократијата. Земјите-членки на ЕУ мора да ја признаат различноста на народите на Европа. Еден од овие народи е македонскиот народ. ЕФА бара дијалог на оваа тема. Непризнавањето на македонското малцинство во Бугарија не може да биде одговор. ЕФА бара бугарските власти да ја почитуваат различноста и еднаквоста. Бараме од Бугарија да се придржува кон Договорите и да ги почитува одлуките на ЕКЧП. Дијалогот би бил добар прв чекор и би покажал дека малцинските политики се гаранција за мирот и стабилноста., велат од ЕФА. Добрососедските односи се исто така потребни за да се заштитат малцинствата на Балканот.

Advertisement