Екипата од Туминец победник на велигденскиот фудбалски турнир на Општина Пустец

Фудбалската екипа од село Туминец е победник на овогодинешниот турнир што се одржа во Долна Горица, Општина Пустец, Младите фудбалери од Туминец беа подобри во финалето против екипата на Пустец.

Фудбалскиот турнир организиран од Општина Пустец традиционално се одржува по повод големиот празник Христовото воскресение Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, се враќаат во родните села.

На турнирот учествуваат екипи од сите села на општината.

На фудбалската екипа на Туминец предводена од капитенот Драган Вурмо, која повеќе години на ред е победник на велигденскиот фудбалски турнир, градоначалникот Пали Колефски им го врачи преодниот пехар. Сите екипи, учесници, како и до сега, соодветно беа наградени од општината.

Advertisement