Економски параметри укажуваат стагнација на економијата во Германија

Нова Македонија пишува за стагнација на економијата во Германија. Очигледно е дека одредени показатели укажуваат на можна рецесија во следниот период.

Индустриското производство во Германија во јуни се намалило за 1,5 отсто во однос на претходниот месец, што го подгреа стравот дека најмоќната економија во Европа може да влезе во рецесија. Аналитичарите очекуваат натамошен пад на германската економија и во вториот квартал годинава, по незначителниот раст во првите три месеци.

Падот на индустриското производство е поизразен ако се гледа на годишно ниво во однос на јуни 2018 година и изнесува 5,3 отсто. Како причина за ова се јавува падот на производството на метали, машини и автомобили, објаснуваат германските аналитичари…

Нова Македонија ги пренесува изјавите на хрватскиот аналитичар Новотни.

За Германија е неизвесно уште едно сценарио, смета аналитичарот Новотни. Поради недоволните вложувања во истражувањата и развојот, германската економија заостанува во дигитализацијата, а недостигаат и доволно иновации, како што е во САД. Оттука и стравот дека Германија би влегла во период на долгорочна стагнација, со која се соочува и Јапонија. Германските компании ги зголемиле резервите, така што се очекува БДП во вториот квартал да падне на 0,2 отсто, по што Германија и службено би се нашла во рецесија. Целиот текст можете да го прочитате тука

Advertisement