Ексклузивно: Меѓу измислените Бугари повеќето Албанци

На 2 октомври 2022 година во Бугарија се гласа за избор на народни претставници за бугарското Собрание. За таа цел, согласно член 31, ал. 1 во врска со член 32 од Изборниот законик на Бугарија, бугарските државјани кои живеат надвор од Бугарија имаат обврска да се пријават за гласање во акредитираните центри за гласање.

За разлика од пријавените за гласање во бугарската Амбасада во Тирана за гласањето на 4 април 2021 година кога за гласање беа пријавени само 15 лица, од кои повеќето беа вработени во Амбасадата.

Овој пат, на списокот за гласање, не во бугарската Амбасада туку преку интернет страната, се пријавиле 205 новопечени Бугари во Албанија. Така во Драч, од ниту еден Бугарин во април 2021 година веќе во септември 2022 година „национално се осознале“ 40 Бугари, во Елбасан 48 – мина, во Корча 43-мина, во Кукс 53-мина, додека во Тирана пријавени се 21 гласач.

Ваквиот раст на „ново национално осознатите“ Бугари во рок од само година и пол, веројатно е податок за во Гинисовата книга на рекорди, во категоријата Верувале или не.

За потсетување, ќе кажеме дека во 2008 година беше подготвена бугарската стратегија со наслов Бугарската политика кон Република Македонија („Bulgarian Policies on the Republic of Macedonia“) подготвена од повеќемина бугарски научници, под водство на Љубомир Иванов. Во таа стратегија има еден дел и за делувањето на бугарската пропаганда сред Македонците во Албанија и Косово. Во него се предвидува дека „… Бугарија треба да го зајакне присуството меѓу Бугарите во Албанија и Косово, вклучително и преку спонзорирање на заеднички невладини проекти. Потоа треба да ги олесни процедурите за доделување на бугарско државјанство и универзитетски стипендии за поединци со бугарско потекло, и треба веднаш да започнат преговори за формално признавање на бугарското малцинство во двете земји“.

Тоа што Бугарите го зацртале во 2008 година, темелно и со многу финансии, со знаење и амин на Европа, го спроведваа до 2017 година. Тогаш, со уцени врз албанското политичко раководство, Бугарите без ниту еден изјаснет Бугарин на било кој попис во Албанија, албанската елита ги впиша Бугарите како малцинство во Албанија.

Од тогаш до денес Бугарите се однесуваат како европски галеничиња кои заплашуваат, подмитуваат, рекетираат, уценуваат цели држави, а европските демократи сето тоа не само што не го санкционираат, туку и го поддржуваат.  Во спротивно, европските вредности ќе вашат и за Македонците во Албанија, дел од кои се присилувани да се „самоосознаваат“ на старост како Бугари. Секому е јасно дека ваквите изнудени „осознавања“ се поткрепени со големи материјални средства од страна на бугарската држава, потоа со бројни стипендии за младите Македонци кои за да ја „заслужат“ стипендијата треба да се откажат од своите македонски корени, како и со други бенефиции штедро нудени од бугарската политичка елита во било кој состав.

Како и да е. Останува нејасна една состојба која ја забележуваме во Тирана. Имено, иако во Тирана е концентриран најголем процент од населението во Албанија, таму најмалку лица се пријавиле за гласање, а голем дел од пријавените се вработени во бугарската Амбасада.

Исто така, многу е забележително дека меѓу пријавените во Тирана до сега го нема лицето Хаџи Пируши. Тој е гласен во тврдењата дека Бугарите во Албанија се бројно малцинство, човек кој се залага за самоосознавање на сѐ повеќе Бугари во Албанија и човек кој е претседател на друштвото „Prosperiteti Goloborda”, кое пропагира бугарштина во Албанија барем досега не се наоѓа на списокот на Бугарите за гласање на бугарските избори.

Сето ова е еден јасен показател дека „новоосознаени“ Бугари има во места каде никогаш немало никакви исполувања на било какви бугарски чувства. Но, големите финансии вложени во бугарската пропаганда, кон кои се приклучија сите Бугари, од претседатели до чувари, очигледно вложиле со плод.

До денес, на списоците за пријавени следниве лица: Централна избирателна комисия (cik.bg)

Advertisement