Екслузивно: Данчо Марковски предложен за амбасадор на Македонија во Албанија

Данчо Марковски предложен за амбасадор на Република Македонија во Албанија – иформацијата за Македoнски весник “Илинден” ја потврдуват дипломатски извори. Владата денеска на затворена седница ја утврди листата со 19 предлози за назначување амбасадори на нашата земја на следните дестинации Атина, Белград, Загреб, Тирана, Брисел, Хаг, Москва, НАТО, Совет на Европа (Стразбур), ОН (Женева), Доха, Прага, Њу Делхи, Рим, Тел Авив, Копенхаген, Ватикан, Приштина и Пекинг. Листата е доставена до претседателот на државата Стево Пендаровски.