Екслузивно интервју за Македонски весникот „Илинден“: Јоргос Пападакис член на централниот совет на “Виножито”партија на Македонците во Грција

Македонски весник „Илинден“: Како ја оценувате моменталната  положба на македонско национално малциство во Грција?

Македонско национално малциство се бори и понатаму за основите права, за да може да се научи македонскиот јаик во школите и во местата каде се зборува, за да може да има здружение носеќи името “Македонско” бес проблеми, за да можат во крај на криштата Македонците да се нарекуват како се чустуват бес да се плашат.Таков процес не е ниту лесен ниту брг но сепак има мали чекори напред. Псобено охрабува фактот дека се повеќе млади Македонци се активни, ги барат нивните корени, се дружат , немат прерасуди, произзведуват култура и го водат процесот.

Македонски весник „Илинден“: Како е организиранно и кој се проблеми се соочува Македонско национално малциство во Грција?

Па видите, имаме како што знаете политичка партија Виножито, имаме дом на Македонската култура кој што се бори за регистрација 30 години на назад и покрај одлуките на Европскиот суд за човечки права, Грција и понатаму не го регистриа. Има секаде во Егејска Македонија културни/фоклорни друштва, од Леринско па до Драмско, има невладини кој што го негуват јазикот сепак најголемиот проблем е ставот на Грција. Преспанскиот договор ништо практично не менуваше околу дневниот живот на Македонците и покрај ветувањета и очекувањата. Најголем приер дека ставот на Грција е непроменет околу Македонците е ова што се случува со Македонското здружение “Кирил и Методиј” во Долна Џумаја, Серско.

Здружението беше на почетокот регистриано од основниот суд во град Сер ама кога почнуваја ултрадесничарите и фашистите да протестират, таа регистрација му беше одземена. Вишиот суд во Солун ја одби жалбата на здружението, сега ке оди случајот во Врховен суд па сетне и до Европскиот суд оти очигледно судовите и понатаму не се независни и ја бранат грчката официална позиција дека нема Македонци во Грција. А знаете со е многу смешно и тажно во исто време? Дека дури и терминот “Автохтонски јазик” (допиа по грчки), кој што беше употребен од Кирил и Методиј за да се регистриат, им пречи на Грците. Дури и тоа не е прифатливо за нив, па се видите во какква состјба сме.

Македонски весник „Илинден“: Дали има припаднци од Македонско национално малцинство во државни институции?

Секако дека има, и во полиција, и во другите места. Но тешко тие се изјаснуват како Македонци повекето молчат поради причините кој што ги споманв веке. Имавме и доста Македонци во парламент, дури и спикерот во едно време беше Македонец од Марово, Костурско. Но за жал и тие или молчат или се пројдени сосема во друга страна, како Гркомани и се обидуват да бидат по Грци од самите Грци.

Македонски весник „Илинден“: Вашата порака до Македонско национално малциство во Грција?

Најлошите времиња се сигурно поминати ама напредок доаѓа многу споро. Во нашата рака е да исчекориме побргу, нема за што да се плашиме повеке. Ние сме многу и официална Атинатоа го знае, се плаши од будењето на Македонскиот свест и се обидува на секој можен начин тоа да го спречи. Не треба тоа Македонците да го дозволуват повеке, доста беа децени на терор, на молчењето, на негација. Сега се европски времиња, со почит на различноста во секое ниво. Заедн ке мораме да се бориме со другите граѓани на Грција да конечно прајме Грција една модерна Европска земја, каде ке има Македонци, Турци, Власи идруги бес наводници. Промената е само едно прашање на време.

 

Македонски весник „Илинден“

Главен и одговорен уредник: Никола Ѓурѓај

 

Advertisement