Енкеледа Чела е пронајдена и е во добра здравствена состојба

Студентката Енкеледа Чела од Требиште областа Голо Брдо која се водеше како исчезната е пронајдена во близина на хотелот Белви и се во добра здравствена состојба. За ова попладнево информираше техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, кој во врска со случајот се огласи на социјалната мрежа Фејсбук.

Во врска со настанот кој ја вознемири јавноста, а се однесува на исчезнувањето на лицето Е. Ч. (20) од Република Албанија ја информирам јавноста дека од страна на СВР Скопје во 18:05 часот лицето е пронајдено во близина на хотел Белви во добра здравствена состојба. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје ќе се изврши разговор со лицето во врска со причините за исчезнувањето – наведува во својата објава, Тошковски.

Advertisement