Ердоган: Партијата на правдата и развојот победник на локалните избори

 

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата Партија на правдата и развојот со голема разлика победила на изборите за градоначалници и им нанесла удар на оние што се обиделе земјата да ја фрлат на колена. Турската државна телевизија објави дека Партијата на правдата и развојот освоила околу 45 насто од гласовите, но оти го загубила местото на градоначалник на Анкара по скоро 25 години.