ЕУ демократија уапсен е пратеникот од Златна зора кој повика на воен удар во Грција

 

Пратеникот на ултра-десничарската партија „Златна зора“ Констанинос Барбарусис е уапсен по повикот за воен удар за време на дебатата во грчкиот парламент за доверба на владата на Ципрас. Како што се наведува, тој бил уапсен по наредба на државното Обвинителство поради говорот во Собранието. Барбарусис за време на расправата кажа „ Почна распарчувањето на Грција. Затоа што раководството на земјата не носи закони во интерес на нацијата, туку за свои сопствени интереси, го повикувам воениот врв во земјата да ја почитуваат заклетвата која ја имаат дадено и да го уапсат премиерот Ципрас, министерот за одбрана Каменос и претседателот на државата Павлопулос, за да се спречи ова предавство“ рече Барбариус.

Партијата „Златна зора“ ги осуди коментарите на нивниот пратеник и го исклучи од партијата. Исто така, на Златна зора и е забрането да учествува во продолжението на собраниската дебата. Како што соопшти Обвинителството, на правосудните органи не им треба дозвола од парламентот да го укинат пратеничкиот имунитет. На денешното продолжение на собраниската дебата, грчките медиуми пренесуваат дека министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, ќе презентира 33 документи кои ќе бидат вистинска „бомба“, а се поврзани со начинот на кои биле водени преговорите за името од претходните влади.

Advertisement