ЕУ додели 50 милиони евра помош на Албанија

Европската Унија ќе додели помош за Албанија во борбата со вирусот Ковид-19. Амбасадорот на Европската Унија во Тирана, Луиџи Сореца пишува дека ЕУ ќе ѝ даде вкупно 50 милиони евра помош на Албанија.

Од нив четри милиони евра ќе бидат за медицинска помош, 11 за социјална помош и 35 за економско закрепнување.

Среќен сум што може да објавам дека Европската Унија ќе даде конкретна помош за Албанија во борбата против Ковид-19. Конкретно: 4 милиони евра за медицинска опрема и медицинска помош. 11 милиони евра за социјална подршка, како и 35 милиони евра за економско закрепнување. ЕУ е секогаш со Албанија и во време кога е тоа потребно! Секогаш сме со Албанија – напиша Сореца.