ЕУ вети поддршка за Албанија за прашањата поврзани со националните малцинства

 

Европската унија ќе продолжи да ја поддржува Албанија во врска со прашањата поврзани со националните малцинства, со цел овие националните малцинства во Република Албанија да уживаат еднакви права во општеството во кое тие секојдневно придонесуваат.

Ова денеска го изјави амбасадорот на ЕУ во Тирана, Романа Влахутин.

“Почитувањето на националните малцинства значи поддршка за различните идентитети и разновидност што ги збогатуваат нашите општества. Малцинските права се дел од петте клучни приоритети за Албанија и тие ќе останат на врвот на агендата на ЕУ “, рече таа.

Во меѓувреме, според министерот за Европа и надворешни работи, Дитмир Бушати, процесот на подготвување на подзаконските акти за Предлог-законот за малцинства е доказ за волјата дека треба да се одобри овој предлог-закон. Според него, “во овој долгорочен предизвик, важно е да станете промотори на политички консензус со цел да се избегне каква било реторика што го затрупува разбирањето што постои помеѓу нас”.