ЕУ започна правна постапка против Чешка, Унгарија и Полска поради одбивање да прифатат бегалци

 

ЕУ започна правна постапка против Република Чешка, Унгарија и Полска кои и покрај законската обврска, одбија да прифатат бегалци.Во соопштението кое беше објавено од страна на Европската комисија беше истакнато дека Чешка, Унгарија и Полска беа повикани и потсетени да дадат одговор или гаранција дека ќе постојано ќе примат бегалци.

Но и покрај постојаните повици, наведените три земји ги прекршуваат обврските кои произлегуваат од одлуките на ЕУ и не прифаќаат бегалци.Во тие рамки, како што се истакнува во Извештајот за повторно преселување и раселување, комисијата усвои одлука за започнување правна постапка против овие три земји за прекршување на процедурите на ЕУ.

Advertisement