Европската унија го укинува роамингот на територијата на земјите членки

Надоместоците за роаминг во Европската унија престануваат да постојат. Крајот настапува денеска , на 15 јуни. Европската унија постои , за да ги зближува луѓето и да им го олесни животот . Укинувањето на давачките на  роумингот е вистински европски успех. Отсега натаму граѓаните кои патуваат во ЕУ, ќе можат да се јавуваат, да праќаат пораки и да комуницираат во мобилни уреди на цените кои ги плаќаат дома.

Ова се вели во заедничката изјава на претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, премиерот на Малта Џозеф Мускат, од името на Малтешкиот претседателство на Советот на Европската унија, и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Претседателите на трите европски институции велат уште: Во последните 10 години нашите институции работеа напорно заедно за да ја поправат оваа пазарна неефикасност. При секое преминување на граница во ЕУ  за празници, за работа, студирање или едноставно  за кратка посета европските граѓани   мораа да внимаваат како ги користат нивните мобилни телефони и се угнетуваат од високи телефонски сметки поради роаминг трошоци. Давачките за  роуминг се на пат да станат историја. Од утре ќе може да останат поврзани додека патувате во ЕУ, на цената што ја плаќате дома.

Одамна чекавме на овој ден и многумина се потрудивме тој да настапи. Преку тесна соработка Европската унија постигна конкретни позитивни резултати за европските граѓани. Горди сме што ЕУ стави крај на високите цени за роаминг и сме благодарни на сите кои покажаа решителност да се борат со сите предизвици на патот кон целта.

Истовремено со тоа ЕУ успеа да најде вистинската рамнотежа меѓу укинувањето на давачки за  роуминг и потребата националните постпејд пакети за мобилни услуги да ги задржат својата конкурентност и привлечност. Операторите имаа  2 години да се подготват  за овој ден и сме убедени дека тие ќе имаат корист од можностите кои ги нудат новите правила во корист на своите клиенти “. Укинувањето на давачките за  роуминг е во основата на дигиталниот единствен пазар на ЕУ и е нов чекор кон градењето на единствен и одржливо европско дигитално општество, достапно за сите европски граѓани.

Advertisement