Фондот за здравствено осигурување на Македонија во 17 земји македонските граѓани може да добијат бесплатни здравствена услуги

 

Според Фондот за здравствено осигурување на Македонија во 17 земји македонските граѓани може да добијат бесплатни здравствена услуга. Но, за да се добие оваа здравствена услуга, македонскиот граѓанин треба пред да замине во странство да аплицира до Фондот за двојазичен образец.

Образецот е бесплатен, а пред патувањето осигуреното лице треба до службата на Фондот да поднесе пријава за задолжително здравствено осигурување, како и пополнето барање за издавање на двојазичен образец за една од наведените земји. Кон барањето се приложува и потврда за здравствената состојба издадена од матичниот лекар, а за жените и девојчињата постари од 12 години потврда од матичниот гинеколог дека немаат хронична болест.

Бремените жени само до осмиот месец од бременоста можат да добијат потврда од гинеколог. Пред издавање на образецот неопходно е и позитивно мислење на лекарската комисија при Фондот дека лицето нема хронично заболување, а таа се добива за еден ден.

Mакедонските граѓани ова право можат да го користат во Германија, Австрија, Турција, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција, Италија, Словачка и Албанија.

При патување во странство граѓаните треба да се обезбедат со основно патничко осигурување за да може да користат здравствени услуги во земјата каде што ќе престојуваат. Туристичките агенции при понудата на нивните аранжмани ги потсетуваат граѓаните дека треба да се снабдат и со ваков вид патничко осигурување.

Без разлика дали се патува во земја која е членка на ЕУ или не е, патничкото осигурување, дадено од осигурителните компании, чини половина евро на ден. Тоа значи дека колку дена сте на одмор за толку дена секој член од семејството треба да има вакво осигурување. Основното патничко осигурување, кое е задолжително за сите патувања во странство, покрива основни медицински трошоци во странската држава, надомест за изгубен багаж и надомест при несреќни случаи

Advertisement