Фрлена експлозивна направа во пекара на потпрестедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мисајловски

Околу 3 часот наутро во малата продавничка на главната улица во Ѓорче Петров фрлена е експлозивна направа и причинета е материјална штета. Ваква информација на социјалните мрежи објави Владо Мисајловски, носител на листа и кандидат за пратеник во втората изборна единица од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Тој додаде дека станува збор за бизнис кој неговото семејство го работи со децении.

Фала му на Бога нема човечки жртви ниту некој е повреден. На свовиден начин се продолжува пироманската традиција откако претходно во текот на изборите 2017та година имаше пожар во мојот дом, напиша Мисајловски во својот фејсбук статус. Нема потреба од нервоза, промените се незапирливи. Македонија е мојот дом, и јас од него не се откажувам и огромен мотив плус да се сменат работите, додаде Мисајловски во статусот.