Гахлер: Владата во Тирана да не ја оцрнува ЕУ, туку да ги исполни условите за членство

Координаторот за надворешна политика и проширување во Европскиот парламент, Михаел Гахлер, ја критикуваше владата во Тирана за клевета, со што го направила својот однос непријателски кон Европската унија, пренесува агенцијата Балкан веб. Според истот извор осврнувајќи се на Турција, Гахлер го потсетува Рама дека мора да биде „внимателен со неевропските пазари и со земјите непријателски расположени кон Европа“. Тој исто така, го акцентира неисполнувањето на условите од страна на Албанија за почеток на преговорите и апелира до владата да ги исполни и да не ги негира истите.

Заклучоците на Европскиот совет се познати, препораките на Венецијанската комисија се познати, текстот и духот на договорот од 5 јуни се познати! Нема напредок во многу услови: Законот за медиуми не е подобрен, фунционери вклучени во манипулација со гласови избегаа кривично гонење, исто така високи владини службеници и поранешни судии вклучени во корупција избегнаа гонење а перењето пари и понатаму останува загрижувачка појава, наведува Гахлер. Додава дека уставноста на локалните избори во 2019 година сè уште не е расчистена а воспоставувањето на новите судски институции оди бавно.

Владата во Тирана не треба да ги провоцира пријателите на европска Албанија, или со негирање на овие услови или со оцрнување на ЕУ за нејзината помош или со склучување договори со трета страна преку кршење на европското право, порачува тој. Посочува дека овие прашања ги покренал во европските форуми и оти ќе продолжи да ги поставува заради кредибилитетот на земјата и брзиот напредок кон членство во ЕУ.